Дневен хороскоп за 23. декември
Овен
Упорно се обидувате да го наметнете вашето влијание на соработниците, но бидете повнимателни кога ги оценувате вашите деловни можности. Доколку добиете „лош сигнал“ од околината, важно е да се тргнете настрана и да чекате подобра прилика. Избегнувајте емоционални предизвици.
Бик
Ќе почувствувате негативно расположение меѓу колегите, сочувајте ја присебноста при средба со личност која го „валка“ вашиот деловен статус. Не дозволувајте некој да ве измами. Ќе ви бидат потребни подобри критериуми при изборот на нова компанија или подобро работно место.
Близнаци
Бидете мудри – важно е да ги истакнете вашите способности пред соработниците, но и пред вашите шефови. Некој ќе се обиде да ве деградира, па затоа е важно да ја сочувате добрата деловна позиција. При средбата со саканата личност, ќе се соочите со недоразбирање.
Рак
Ќе се обидете да изгледате убаво и духовито пред вашата околина. Но, некој го доживее вашето однесување на погрешен начин. Бидете спремни на избрзани и неиздржани реакции на вашиот партнер. Неговата љубомора ќе излезе надвор од контрола, мора да застанете во своја одбрана.
Лав
Избегнете го непотребниот ризик на кој ве поттикнуваат одредени соработници. Нема да можете да ги промените сегашните услови во ваша корист. Нема причина да очекувате премногу разбирање од личност која е под негативно влијание. Ќе ви треба личност со слични афинитети.
Девица
Доколку ви е важно да ги решите вашите дилеми, мора да ги преземете работите и контролата во свои раце. Следете го вашиот „внатрешен глас“ и останете верни на вашата љубов од минатото. Постои голема веројатност дека ќе ги дочекате божиќните празници во неговата прегратка.
Вага
Доколку ви недостасуваат сигурни информации за деловните можности, не давајте несериозни ветувања, туку побарајте нечие посредување. Вашиот изглед ќе ѝ биде многу привлечен на саканата личност, што е добар љубовен знак. Ќе уживате во нечие блиско друштво.
Скорпија
Сѐ почесто ви пречат некои работи кај вашите колеги. Седнете и убаво размислете за тоа како ќе ги решите недоразбирањата со нив. Исто така, пред вас е нова емотивна дилема. Не сте сигурни дали вашиот партнер навистина греши или само ви делува сомнително за работите за кои молчи.
Стрелец
Оставете ги вашите колегите да ги докажат своите способности во оние ситуации кои вам ве заморуваат. Важно е само добро да се организирате. Нема потреба од мистификација во односот со вашата сакана личност, на овој начин секој станува „жртва“ на сопствените заблуди.
Јарец
Ако не ви се допаѓа нечие однесување, обидете се да ја контролирате вашата фрустрација во деловното опкружување. Прикривањето на вистината од блиска личност ќе предизвика нови емотивни сомнежи. Меѓусебната доверба е неопходна и ќе има лековито влијание врз вашата повредена душа.
Водолија
Погрижете се вашите соработници да ги прифатат реалните објаснувања и околностите кои влијаат на заедничкиот успех. Ќе се обидете да ја одложите средбата со една драга личност личност, но тоа е само привремено решение. Соочувањето со вистината ќе ви донесе олеснување.
Риба
Во последно време, вашите примарни интереси се од практична природа. Мора да бидете свесни дека можете лесно да ги постигнете вашите деловни цели. Партнерот веќе нема намера трпеливо да ја чека вашата одлука, туку ќе преземе изненадувачки чекор и иницијатива. Логично, сѐ си има своја цена.
Дума.мк