Два угостителски објекти во Велес, викендов, пуштале погласна музика од дозволеното

Објавено на 28 април, 2025 во 11:35
Фото: Архива на Дума.мк – улица „Благој Ѓорев“

Во текот на изминатиот викенд, од страна на полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, биле извршени контроли во угостителски објекти на подрачјето на Велес.

– Притоа, во два угостителски објекти, при извршено мерење на јачината на бучавата со фонометар, било констатирано дека ја надминуваат дозволената јачина, односно со музика погласна од дозволеното, го нарушуваат јавниот ред и мир, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави,“ соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.