На трет ден Божиќ афористички поздрав од Никола Бошков – Коки
„На овој убав Божиќ, трет ден, на којшто се слави светецот Стефан, повторно упатувм честитки како на славениците така и до сите верни читатели на веб порталот Дума.мк, посакувајќи им здравје, среќа, љубов, бериќет и исполнување на лични желби. Да сме здрави и живи сите и да се читаме, смееме и радуваме на секој нареден ден. Ајде сега читајте и вашите лица нека бидат облеани со насмевки“, вашиот Коки.
Ви ги пренесуваме најновите шест афоризми на нашиот верен соработник афористичарот Коки:
-Штом жената ќе ви седне на коленото, треба да знаете дека тоа е првото скалило кон главата.
-Сите доктори не го започнуваат прегледот со соблекување на пациентките, некои така го завршуваат.
-На некои луѓе не им причинува потешкотија што имаат камен во бубрегот, туку што го имаат тој во креветот.
-Многумина луѓе во животот се пробиваат служејќи се со лактовите, главата единствено им служи за рамнотежа.
-Откако започнаа се погласно да ја негираат вековната традиција, поповите бездруго размислуваат како вo иднина на луѓето да им ги наплатуваат коледарските огнови.
-Успехот во кариерата мнозина фудбалери го оствариле благодарение на нозете… на својата сопруга.
Афористичар
Никола Бошков – Коки