Претежно облачно време со врнежи од дожд
Објавено: 25 јануари, 2023, во 09:34 часот
Претежно облачно, попладне во западните и југозападните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Следува период на променливо облачно и постудено време, со повремени слаби врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а во пониските од дожд и снег. Утре и во петок врнежи ќе има на повеќе места и ќе бидат со умерен интензитет.
Дума.мк



