Со обезбеден грант Младинскиот центар решава приоритет на младите во Велес
Ќе се исполни желбата на младите велешани кои како приоритет за годинава избраа да се набават музички инструменти во Младински центар Велес. Љубителите на музицирањето своето слободно време ќе можат да го користат во центарот кадешто ќе вежбаат, создаваат композиции и ќе започнат да ја создаваат својата уметничка музичка приказна.
Проектната апликација на тимот составен од млади активисти и волонтери на Младински центар Велес е избрана за најуспешна на хакатонот #РешиПроблем 2023 што го организира Здружението на граѓани „Младите можат“.
-Со присуството на Social day, којшто е ден кога младите луѓе заменуваат еден ден на училиште за работа која тие ја бираат, поточно, младите донираат дел од своето време и својата дневница за младински проекти, ни се отвори можноста да присуствуваме на овој проект . Во месец декември имавме неколку фази, кадешто се претставувавме како тим и кој е проблемот којшто би сакале да го решиме доколку ги добиеме овие финансиски средства. На последната фаза која се одржа во Скопје на 7 и 8 февруари, работевме вкупно шест тима на усовршување на проблемот со кој се претставивме пред тричлената жири комисија формирана од страна на „Младите можат“. Проблемот што го решаваме е недоволниот развој на младите во областа на културата и музиката. По дадените инструкции од страна на Младите можат, ние како тим во којшто учествував јас како младински работник во Младински центар и уште две активни волонтерки формиравме анкетен прашалник, со прашања и интервјуиравме 50 млади луѓе од средните општински училишта на територијата на општина Велес. Младите луѓе имаат скоро исто мислење за настаниот проблем и воедно голема поддршка за решението коешто го предложивме. За победници прво не прогласија нас под името на тимот „Млади распеани Велешани“ како добитници на грант од 1000 евра со што се засегнавме да го решаваме проблемот на младите во музичко-културната област, рече Ивана Јордева младински работник во Младински центар Велес.
Ова беше само еден од културните приоритети и потреби на младите коишто активно го поминуваат своето слободно време во Младински центар Велес. Од останатите приоритети особено радува фактот што тие се заинтересирани за создавање за младинска културна сцена, за театарско творештво, литературно и други видови на уметничко творештво.
Стефани Манева