Ковачевски од Велес: „Освен реконструкција на постоечките, Македонија ќе гради брза пруга“
„Кога би ви одговорил како граѓанин, би кажал фрапантна е информацијата дека од Скопје од Велес мора да се возите со 20 километри на час, но морам да ви одговарам како директор на јавнто претпријатие кое покрај обврската за градење нови пруги ја има и обврската да се грижи за безбедноста на патниците,“ рече утрово во разговорот за „Утрински печат“ директорот на ЈП Железници на Северна Македонија Инфраструктура, Хари Локвенец. Тој објасни дека тоа е неопходно од безбедносни причини.
Според Локвенец после 10 години за првпат во јавното претпријатие е спроведено машинско мерење на квалитетот на железничката пруга и врз база на добиените информации експертски совети да издадат телеграма за намалување на брзината на 20 километри на час. „Единствена причина е грижата за безебдноста и сигурноста на патниците. За првпат се соочивме со вистината и се охрабруваме да ја споделиме со македонската јавноста, а тоа дека имаме прагови стари над 50 години, а таква состојба има не само кај нас, туку и во земји од ЕУ. Тоа подразбира итна инвестиција, реконструкција и рехабилитација на пругата, додаде Локвенец.
Тој појасни дека е потребна работна сила, инвестиции и квалитетен машински парк без да лицитира со датуми до кога возот од Велес ќе оди со брзина од 20 км/час.
Вчера вечер на свеченото отворање на новите простории на Општинската организација на СДСМ во Велес, лидерот и премиер Димитар Ковачевски одговори за на новинарско прашање на Радио Голди на слична тема.
„Македонски Железници е систем што треба комплетно да се реформира. Железниците во регионот веќе работат на еден либерализиран систем што кај нас не беше направено низ годините и затоа се работи на осмислување на концепт прво за либерализација на пазарот а потоа и за зголемување на ефикасноста на Македонски Железници – Транспорт. Бидејќи тоа е претпријатие кое со години создава загуби а не пружа услуги на граѓаните на ниво коешто тие го заслужуваат, рече Ковачевски.
Дума.мк го прашаше Премиерот дали Македонија може да рехабилитира и во исто време да гради брза железничката пруга од Коридор 10 ако соседот Србија, во рамките на Отворен Балкан, на големо ја турка идејата за изградба на брза пруга од Атина преку Скопје, Ниш, Белград, Нови Сад и Будимпешта.
Убавка Јаневска