Дневен хороскоп за 28. април
Овен
Овни, денеска ќе ве очекуваат ненадејни компликации во деловното работење, но не дозволувајте тоа да влијае на вашата концентрација. Испланирајте средба со блиските пријатели и организирајте забава во домашна атмосфера. Ова е најдобриот начин да се ослободите од стресот по напорната работна недела.
Бик
Доколку поминувате премногу време во улогата „дежурен критичар“, ќе се ставите во позиција да бидете најнеомилениот колега во канцеларијата. Задржете ги негативните коментари за себе. Избегнувајте предизвици на љубовно поле, барем во периодот што следи. Наместо тоа, фокусирајте се на убавите нешта од врската.
ADVERTISING
Близнаци
Избегнувајте ривалство или натпреварувачка атмосфера, ќе биде важно да ја сочувате позитивната врска со блиските соработници. Трпеливо чекајте нечиј повик или присуство на партнерот. Има ситуации кои не можете да ги забрзате и да ги промените во ваша корист. Не заборавајте дека, моментално, Меркур е ретрограден.
Рак
Доколку сте во чувствителна психолошка фаза, препуштете им ги посложените задачи на колегите. Тие ќе имаат разбирање за вас. На љубовен план, поставете одредени правила во емотивниот дијалог. Не дозволувајте му на партнерот прекумерна самоволја. Важно е да се потпрете на здравиот разум, нема причина за паника.
Лав
Денеска ќе направите добар избор откако ќе се консултирате со доверливи соработници. Ќе ви биде важно да ги исполните задачите на професионален начин. Обидете се да поминете квалитетно време со вашето семејство или со саканата личност. Доколку имате искрени намери, споделете ги вашите чувства со луѓето кои ги сакате.
Девица
Девици, вие сте одличен играч во деловното работење, но и вашите колеги не се за потценување. Не се опуштајте доколку сакате да бидете наградени. Нема причина да ги потиснувате вашите емотивни желби, пред личност која добро го познава вашиот темперамент и карактер. Бидете оптимистични за периодот кој следи.
Вага
Денеска ќе имате интересни идеи, кои ќе го привлечат вниманието на вашиот шеф. Работете тивко, но мудро. Вашиот квалитет кога-тогаш ќе излезе на виделина. Партнерот ќе има доверба во вашите способности и ќе ве остави да донесете важна одлука во негово име. Сепак, вие не сакате да бидете премногу обврзани.
Скорпија
Скорпии, немојте да бидете наметливи, туку навреме побарајте нечија морална или материјална поддршка. Забележувате дека вашиот партнер многу лукаво или вешто ги игнорира вашите предлози. Ќе се запрашате: „Што се крие зад тоа?“. Одговорот е речиси пред вас. Треба да се ослободите од дополнителните обврски.
Стрелец
Денеска ќе биде исклучително важно да не зборувате многу пред колега кој, очигледно, не не ве смета за омилена личност во канцеларијата. Бидете дискретни. Нема потреба да имате големи илузии или емотивни очекувања од личност која не ја познавате доволно добро. Многу бргу се заљубувате, тоа е вашата маана.
Јарец
Во повеќето ситуации, вие лесно се прилагодувате на новите деловни правила. За жал, денеска ќе ви биде тешко се носите со сите работни задачи. Психолошката фаза низ која поминувате позитивно влијае на вашиот љубовен живот. На светот околу вас гледате со поинакви очи и со поголем оптимизам.
Водолија
Некој од колегите непотребно ќе ве казнува или ќе ве оптоварува со дополнителни обврски, но вие премолчено се согласувате на таков деловен однос. Емотивно ви недостасува нечие присуство или внимание. Не дозволувајте да „талкате“ во насока на погрешна личност. Избегнувајте ситуации кои ве исцрпуваат.
Риби
Нема причина да ги мистифицирате своите деловни планови или да игнорирате нечие присуство. Покажете повеќе разбирање и нежност кон саканата личност. Фалењето може да ви создаде дополнителна непријатност. Денеска почестете се со некои убави ситници, како поттик за добро расположение.
Дума.мк