Воз удрил во едно лице кај Градско, железничкиот собраќај на пругата Гевгелија – Скопје е во прекин
Објавено на 5 мај, 2023 во 10:00
Сообраќајната несреќа се случила во утринските часови. Патнички воз што сообраќал на релација Гевгелија – Скопје, на железничката станица кај Градско, удрил во едно лице. Како што дознава Дума.мк од РЦУК – Велес се работи за маж, роден 1960 година кај кого екипата на Итна медицинска помош од Велес констатирана смрт, што настапила од ударот на возот.
Според информацијата на Македонски железници железничкиот собраќај е во прекин.
На местото на несреќата увид вршат полициска екипа на СВР Велес и Јавен обвинител.
Железничкиот собраќај е во прекин на релација Гевгелија – Скопје.
Дума.мк