Македонскиот стрип дел од изложба во Сомбор, Република Србија
Со отворање на изложба на стрипови од актуелни македонски стрип автори, во детското одделение на градската библиотека „Карло Бијелицки“ во Сомбор, започна осмиот Сомборски стрип фестивал. Томе Трајков селектор и приредувач на изложбата рече дека таа претставѕва збогатување на досегашната соработка и информирање на други стрип настани во регионот и пошироко.
-Избрани се стрипови од разни генерации, пријавени преку јавен повик и обезбедени авторски права. Доминираат стрипови од актуелните македонски автори што изложувале на Меѓународниот стрип-салон во Велес и во магазинот „Креатор“, единственото постојано стрип-издание кај нас. Изложените стрипови стриповите се дела на цртачите: Ангела Петрушевска –Скопје , Дамјан Шокев -Скопје ,Дарко Богданов-Виница, Ѓургица Варела-Гевгелија , Илко Стојановски –Велес,Јана Бутеска –Скопје ,Лазар Ангелков-Велес, Максим Ристески-Скопје, ,Методија Стојановски-Куманово,Оливер Цветковски –Велес, Славица Купенкова-Скопје, Тоде Блажевски –Скопје и Цанко Стефанов од Скопје.Како сценаристи на некои од делата беа застапени : Александар Стеванов од Штип, Ване Трајков од Велес, како и Александра Ристески , Војдан Андонов, Ѓоре Гелев од Скопје, додаде Трајков.
Исто така, тој потсетува и дека изложбата на избрани македонски стрип автори претставува воведен дел на осмиот Сомборски меѓународен салон на стрип и фантастика , којшто ќе се одржи овој викенд.
Стефани Манева