Еден тешко повреден моторциклист во сообраќајка кај Росоман
При судир на „мицубиши“ и мотоцикл синоќа, среда 22 мај, околу 19 часот во Росоман повредени се две лица.
– Сообраќајката се случила помеѓу возилото „мицубиши пајеро“ со кумановски регистарски броеви управувано од С.Љ.(48) од Куманово и мотоцикл „хамачи“ без регистарски броеви управувано од М.Ѓ. (19) од Росоман. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на моорциклот и четиринаесетгодишниот сопатник на мотоциклот, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Повредените лица се пренесени во болницата во Кавадарци и од таму поради сериозноста на повредите веднаш бил транскопртиран повредениот сопатник на мотоциклот во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Полицијата извршила увид на местото на сообраќајката. Резултатите од увидот ќе треба да ги откријат причините./У.Ј