Ден на високи гости на мултинационалната теренска вежбата „Брз Одговор 23“ во Криволак (фото)
На заедничка обука на сите припадници на мултинационалниот баталјон во Центар за обука Пепелиште денешниот ден беше ден на гости пред кои се изведоа повеќе показни вежби на кои се манифестираа заедништвото, сојузништвото и подготвеноста на армиите кои учествуваат, за меѓусебна соработка меѓутоа и за совладување на било какви предизвици кои може да се појават во иднина. Истовремено е задоволство да се биде и домаќин на повеќе сојузници од НАТО алијансата, истакнаа македонските претставници.
Инаку, вежбата „Брз одговор 23“ („Immediate Response 23“), што започна на 22 мај со воена церемонија во центарот за обука „Пепелиште“, е најголемата вежба во Северна Македонија оваа година со учество на Армии на четири НАТО земји и една партнерска земја. На вежбата уќествуваа армиски претставници на Северна Македонија, Соединетите Американски Држави (Националната гарда на Минесота), Албанија, Црна Гора и како земја партнер на НАТО поточно Косово. На „Брз одговор 23“ учество замаа вкупно 1.850 учесници.
На отворените денови на армијата одржани во мај во државата, граѓаните можеа одблиску да се запознаат со возилата и опремата што се дел од вежбата, вклучувајќи го и роботизираното софистицирано возило познато како „проџект ориџин“ (PROJECT ORIGIN), коешто е во пробна употреба и претставува платформа за тестирање и демонстрација на нови технологии на Армијата на САД.
Дума.мк