Тројца велешки тренери на помладите категории на обука во Зрењанин
Фудбалот во регионот може и мора да се развива заедно констатираа на тридневната обука фудбалските тренери од помладите категории. Тие се важна алка во воспитувањето и образованието на децата и младите, а не само луѓето кои се занимаваат со нивните физички перформанси и ги насочуваат кон врвни резултати. Ова е главниот заклучок што се донесе по интензивните дискусии и динамични работилници на настанот за регионално вмрежување како дел од проектот „Создавање животни шампиони“.
ЖФК Борец на обуката,од 31 мај до 2 јуни, ги испрати велешките тренери Тоше Нацев , Жарко Климкаров и Марјан Јаковлевски како и Виктор Петров од ФК „Кул“ од Скопје.
Тие заедно со претставниците на РФК Графичар од Белград, ХНК Горица од Велика Горица, Ф.К. Жељезничар од Сараево, ФК Слога од Добој, Академија Пандев од Струмица и кампот ДЕКИ5 од Белград имаа можност да разменат знаења, искуства и примери, практики во работата со деца и млади, пред сè фокусирајќи се на едукативната и педагошката улога на спортот во создавањето врвни луѓе, а дури потоа врвни спортисти.
На тренерите им беа покажани наодите од истражувањето за улогата и положбата на тренерите денеска, кое во претходниот период го спроведе истражувачкиот тим на Институтот за филозофија и социјална теорија на Универзитетот во Белград. Потоа се разговараше за различни елементи од модулот за поинтензивно воведување на неформалното образование во редовните спортски активности.
Присутните добија низа корисни информации за тоа како општествено одговорните активности на фудбалските клубови да ги направат поинтересни за медиумите од Јована Гузијан, новинарка на ТВ Арена спорт, како и кои регионални и меѓународни донаторски фондови се подготвени да ги поддржат, можни нови идеи и иницијативи на актери од областа на спортот.
Регионалната консултативна средба и вмрежување на тренерите како дел од проектот „Создаваме шампиони за живот“ се реализира со поддршка на Фондацијата за деца на УЕФА, а компанијата АМС осигурување, долгогодишен партнер и спонзор на различни активности во рамките на концептот на Шампиони за живот, даде дополнителен придонес за квалитетот на имплементацијата.
Ангел Јаневски
Фото: Арена Спорт