Хуманитарна помош во млеко и бебешка храна, од Банката за храна, ГИЖ распределени во Свети Николе
Објавено на 11 јуни, 2019 во 22:59
450 килограми бебешко млеко во прав, бебешки кашички, бебешко млеко со додатоци, влечки и хигиенски влошки распредели граѓанска иницијатива на жени „ГИЖ“ од Свети Николе, во соработла со локалната самоуправа , во семејства кои живеат во селата Амзабегово, Кадрифаково, Ерџелија и во градот Свети Николе.
Хуманитарната помош во храна за деца и обувки како и влошки ја добија мајки и деца на кој им е најпотребна.
Акцијата за распределба на оваа пратка на хуманитарна помош се реализираше откако Банката за храна на Македонија обезбеди поголема количина на млеко за бебиња и бебешка храна преку програмата „Храна за сите“./У.Ј