Во еден ден, три случаи на семејно насилство во Велес
Објавено на 12 јуни, 2023 во 14:58
Сектор за внатрешни работи Велес информира дека на 11 јуни, недела, во полициска станица Велес биле пријавени три случаи на семејно насилство.
Полициски службеници го лишеле од слобода дваесет и пет годишниот велешанец Р.С кој по кратка расправија физички ја нападнал неговата сестра.
Потоа, бил лишен од слобода триесет и седум годишниот Ф.Д од Велес кој во неговиот дом физички ја нападнал невенчаната сопруга.
Исто така, триесет и четири годишниот Г.Т од Велес бил лишен од слобода бидејќи во семејниот дом се заканил на наеговиот татко.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека велешаните биле задржани во полициска станица Велес и по целосно документирање на настаните против нив ќе следат соодветни поднесоци.
Дума.мк