Eкологистите на „Вила Зора“ ги учеа децата од градинката да употребуваат компост (фото и видео)
Креативна работилница за правење и примена на компостот во секојдневниот живот одржа ЕД „Вила Зора“ во клонот „Маргаритки“ на ОЈУДГ „Димче Мирчев“. Најголемата група на згрижени деца, во овој клон на велешката градинка, учеше како од храната што секојдневно ја внесуваат во компостерот се произведува компост и каква намена има.
Дел од дворот на градинката „Маргаритки“ беше преадаптиран во училница на отворено. Во училницата се учеше и начин на полнење на црепови со компост, се засадуваа цвеќиња и зачински растенија и потоа цреповите се поставуваа на цветен ѕид.
Проектниот менаџер Олгица Наумоска објаснува како се реализираше денешниот едукативен ден.
Што научија денеска говорат и младите учесници во овој проект на ЕД„Вила Зора“.
Проектот „Селектирај – компостирај“ на ЕД„Вила Зора“ се реализира во изминатите 10 месеци во сите објекти на велешката детска градинка. Проектот е финансиски поддржан од УНДП, Европска Унија и Општина Велес како дел од програмата „Релоад 2“.
Убавка Јаневска