Г.г. Стефан: Законите за родова еднаквост и матична евиденција се на штета на граѓаните особено на жените и децата
Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. Во предложените закони се упати на низа спорни елементи од страна на стручни лица, експерти и граѓани, но тие не се не се земаат во предвид. Напротив, законите се обидуваат да се донесат што побрзо и нетранспарентно, на штета на граѓаните, а особено на жените и децата, вели поглаварот г.г. Стефан во видео обраќање до јавноста.
По тој повод, в четврток пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје од 18:00 часот Светиот Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, повикува на Сенароден собир.
Во најавата на процесот, според МПЦ-ОА, овој закон наметнува менување на биолошката и објективна реалност. Тие велат дека постојат само два пола кои не може да се променат.
-Да не дозволиме нашите деца да бидат индокринирани дека можат да си го променат својот пол со помош на сомнителни невладини организации и дека наместо мајка и татко имаат родител 1 и родител 2, се вели во најавата.
Дума.мк