Момчиња и возрасни се тепале во комплекс УЗУС во Велес
Во тепачката што се случила на јавна површина во комплекс УЗУС, учествувале момчиња на возраст од седумнаесет и осумнаесет години додека возрасните се двојно постари. Оваа групна тепачка се случила во саботата, на 24 јуни, со што бил нарушен јавниот ред и мир. Според СВР Велес, во 22:30 часот на посочената локација се степале осумнаесет годишните П.Ј, С.М и 17- годишник од една страна, и И.Р.(43), Д.Р.(45), А.В.(42) и А.С.(40) од друга страна. Сите се од Велес. Од СВР Велес соопштија дека преземаат мерки за расчистување на случајот.
Исто така, еден час и 15 минути по полноќ, поточно на 25 јуни, во СВР Велес била пријавена уште една тепачка којашто се случила пред угостителски објект по претходна расправија помеѓу четириесет годишниот З.С и три години повозрасниот Ц.Н од Велес. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Дума.мк