Исланд е најмирољубива земја на светот: На кое место се наоѓа Македонија?
Исланд и понатаму е најмирољубивата земја во светот, покажува најновиот Глобален индекс на мирот (GPI) за 2023 година. Северна Македонија е на 38-мо место од 163 земји со индекс 1.713.
Според листата, Данска ја потисна Ирска на второто место, а во исто време, Нов Зеланд напредуваше за две места, и е на четвртото место, стигнувајќи ја Австрија, која падна на петтото место.
Извештајот на „GPI“ рангираше 163 независни земји според нивното ниво на мирољубивост, а е изработен од Институтот за економија и мир (ИЕП). Се мери нивото на социјална сигурност, опсегот на тековните домашни и меѓународни конфликти и степенот на милитаризација во земјата.
Нашата држава е позади Велика Британија која е на 37. место и пред Коста Рика, која е едно место под нас.
Од земјите на Западен Балкан, С. Македонија е пред сите држави на листата- Албанија е 40-та, Црна Гора 45-та, БиХ 61-ва, Србија е на 65-то место, додека Косово е 70-то.
Дума.мк