На „Табановце“ за влез во Македонија се чека до 30 минути
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Поради зголемена фрекфенција на возила, на ГП „Табановце“ за влез во Македонија се чека од 15 до 30 минути. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На останатите гранични премини од македонска страна, АМСМ информира дека нема подолги задржувања влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево – велат од АМСМ.
Дума.мк