Црвен крст Велес и градски базен „Лидо“ организираат курс за спасители
Објавено на 7 јули, 2023 во 13:32
Црвен крст Велес заедно со градскиот базен „Лидо“ организираат курс за спасители на вода. Сите заинтересирани граѓани коишто имаат наполнето 18 години и имаат желба да бидат дел од курсот потребно е да отидат на градскиот базен во понеделник, 10 јули во 18:00 часот на првиот договорен состанок.
-Со себе секој е потребно да носи документ за идентификација и потврда од матичен лекар дека е во добра здравствена состојба. На приот ден ќе се одржи договорен состанок кога ќе се соопштат и останатите детали за курсот, соопштија од Црвен крст Велес.
Секој кандидат кој успешно ќе го заврши Кусрот за спасители се стекнува со Лиценца – Спасител на затворени води.
Стефани Манева