СЗО за жителите на Европа: Неподготвеноста за горештините може да биде смртоносна

Објавено на 19 јули, 2023 во 14:45

Европската канцеларија на Светската здравствена организација ги предупреди жителите да бидат подготвени за високите температури бидејќи топлотниот бран зафати поголем дел од континентот.

„Без потребната подготовка, топлината може да стане смртоносна“, предупреди Ханс Клуге, директор на СЗО за Европа.

Белгиецот предложи низа мерки кои жителите можат да ги преземат за да ги избегнат најлошите последици од топлотниот бран. Тој советуваше луѓето да останат дома и да ги избегнуваат најтешките задачи во најжешките делови од денот.

Домовите треба да се ладат, на пример со спуштање на ролетни и користење на воздух ноќе за вентилација. Исто така, клучно е да се одржува телото ладно и хидрирано со носење лесна, широка облека, туширање со ладна вода и редовно пиење вода.

„Додека се прилагодуваме на оваа нова нормала, со нејзините разорни ефекти врз здравјето и животните услови, од клучно значење е сите да бидеме вооружени со знаење што помага да се спасат животи“, рече Клуге.

„Покрај тоа што летово ќе се прилагодиме на новата реалност, мора да размислуваме и за децениите што доаѓаат“, предупреди докторот во својата изјава.

Тој повика на итна регионална и глобална акција за запирање на климатската криза, која претставува егзистенцијална закана за човештвото.

Нагласи дека клучно е да се вклучат и помладите генерации кои се особено загрижени за климата и често имаат идеи и предлози. Клуге исто така нагласи дека прашањето за климатските промени треба да биде приоритет за сите политички опции.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.