Приведен дилер, запленета дрога вредна 20.000 евра
Објавено на 31 август, 2023 во 09:42
Полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба од Основен кривичен суд Скопје, вчера извршиле претрес во дом кај Д.Ц. (38) во с. Добри дол, општина Сопиште.
При претресот, како што известува денеска МВР, пронајдени се четири кеси со околу четири килограми марихуана, вредна околу 20.000 евра.
Лицето е лишено од слобода и задржан во полициска станица каде по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.
Дума.мк