Случај „велешка Гимназија“ – СДСМ ги прозва Попов за поднесено барање до МОН а Колев и Здравковски за криење факти
Советничката група на опозициската СДСМ, во Совет на Општина Велес, денеска одржа прес конференција на која предочи неколку факти поврзани со актуелниот случај на зголемување на бројот на паралелки за запишување на ученици во прва година, во велешка Гимназија.
Според советникот Кирил Гајдов во интерес на вистината и донесените одлуки на последната седница на Совет на Општина Велес поврзани со случувањата во „Гимназија Кочо Рацин“, локалната опозиција се чувствувала должна кон учениците,родителите, наставниците и граѓаните да го соопшти следново:
„Имено, на Фејбук профилот на пратеникот Игор Здравковски беше објавено обраќање до министерот за образование дека во Гимназијата Кочо Рацин во Велес не смее да се дозволи да бидат примени ученици кои имаат помалку од 60 бодови од основно образование, бидејќи со тоа ќе се нарушел имиџот на Гимназијата како и дека МОН го „силувал“ образовниот процес во велешката гимназија со отварање на 5 паралелки на македонски јазик и 2 паралелки на албански јазик.
ДПНЕ како и секогаш така и сега бегаат од вистината и од одговорност. Пратеникот од ДПМНЕ Игор Здравковски намерно не го споменува барањето на директорот на Гимназијата Иле Попов доставено до МОН со кое бара од министерството да му даде позитивно мислење за формирање на 5 паралелки на македонски и 2 паралелки на албански јазик.
Повторувам, Министерството за образование и наука дава позитивен одговор на барање на директорот на Гимназијата Кочо Рацин за формирање на 5 паралелки на македонски и 2 паралелки на албански јазик.
Директорот на гимназијата господинот Иле Попов пак, е член на ДПМНЕ и дирекно поставен на таа функција од градоначалникот Марко Колев и Игор Здравковски како претседател на ВМРО ДПМНЕ во Велес. Истиот директор пред колективот, родителите, граѓаните заедно со Игор Здравковски и Марко Колев даваат лажна слика, прикриваат факти и ја замајуваат велешката јавност дека во велешката гимназија некој друг ,во случајов МОН, сака да направи албанизација или насила да прими ученици со помалку поени .
Овој документ, барање, кој ќе ви биде доставен истите актери се обидоа да го прикријат од јавноста и првично не беше приложен во материјалите за седницата на советот на Општина Велес но за среќа и во интерес на вистината документот беше откриен и побаран од страна на советниците на СДСМ.
Прашуваме дали пратеникот Игор Здравковски беше лично присутен во Општина Велес за да ги убедува советниците на ДПМНЕ да гласааат за точката на дневен ред каде ќе им беа дозволени 5 паралелки на македонски и 2 паралелки на албански јазик???
Но според нашите информации после внатрешни несогласувања во советничката група на ДПМНЕ, кога неколку советници немало да ја поддржат одлуката по никоја цена затоа, истите актери го смениле мислењето и почнале да смислуваат тактика како да обвинат некој друг за настанатата ситуација???
Повикуваме на одговорност за актуалните настани од наведените лица, посебно заради фактот дека директорот на Гимназијата, лично потпишан, побарал 5 паралелки на македонски и две на албански јазик, а се дрзнаа заедно со Колев и Здравковски да лажат и да си играат со чувствата на родителите, професорите и учениците. Ако некој не е способен да ја води најстарата гимназија во државата наместо да прави конфликти и штета на целиот образовен процес најдобро е да си поднесе оставка, рече Гајдов.
Според советничката група на СДСМ во Совет на општина Велес „Гимназијата беше и ќе остане авангарда на Општина Велес и не заслужува во вакви ниски политички игри да се спомнува нејзиното име“.
Убавка Јаневска