Велешкиот атлетичар Роберто Димитриевски на 11 место на Скопски маратон 2023
Младиот велешки атлетичар Роберто Димитриевски член на Атлетскиот Клуб „Велес“ од Велес во трката на 5 километри го освои високото 11 место меѓу 6547 учесници во машка и женска категорија на WIZZ AIR Скопски маратон 2023,а кои стигнаа на целта. Димитриевски во атлетската трка на 5 километри истрча со време од 18 минути и 7 секунди. Првопласиран во трката на 5 километри е Piere Fournier од Швајцарија. Роберто Димитриевски на целта беше со најдобро истрчано време од велешките атлетичари од велешките атлетски клубови кои учествуваа на денешнот Скопски маратон.
Зад него се натпреварувачи од Италија, САД, Словенија, Албанија, Јапонија, Србија и други земји учесници на овој реномиран маратон од светски рамки.
За Дума.мк рече Роберто Димитриевски тој водел од почетокот на трката до околу 1 километар од патеката на 5 километри.
Роберто Димитриевски досега учествувал на Државното атлетско првенство и на Велешкиот маратон „Трчаме за Рацин“ каде секогаш и меѓу првопласираните.
Инаку Димитриевски секојдневно трча на пешачката петека со бехатон плочки во Градскиот парк во Велес. Тој и останатите велешки атлетичари од Агенцијата за млади и спорт со години нананзад бараат да ја реновира руираната атлетска патеката на Градскиот фудбалски стадион „Зоран Паунов“ која е изградена пред 41 година, во далечната 1982 година.
Од Агенцијата за млади и спорт која пред неколку години целосно го реновира Градскиот фудбалски стадион „Зоран Паунов“ ветуваат и реновирање на руираната атлетска патека,но засега патеката сеуште е руинирана и неупотреблива за трчање.
Роберто Димитриевски од денеска веќе ги започна подготовките за November Run Гевгелија 2023 и други претстојни маратони во земјава и странство.
Убавка Јаневска