Осомничени двајца мажи за пуштање во промет на фалсификувани банкноти во Велес
Објавено на 17 октомври, 2023 во 16:51
За шест банкноти со вредност од по 100 американски долари коишто ги пуштиле во оптег дваесет и осум годишниот велешанец И.К и неговиот врсник Х.З од Скопје денеска од Отсекот за економски криминал при Сектор за внатрешни работи Велес заработија кривична пријава. Обајцата од полицијата се осомничени за сторено кривично дело „фалсификување на пари“.
Осомничените на 08 август годинава во казино во Велес ги пуштиле во оптег шестте банкноти од по сто американски долари и ги размениле за денари, што било потврдено по извршено вештачење.
Убавка Јаневска