Коки: „Љубовта е единствената активност во која најголемите резултати се постигнуваат лежејќи“
Објавено: 30 октомври, 2023, во 11:34 часот
За убав и добар ден како и за убава работна недела со нови шест нови афоризми од вашиот Коки:
-Наместо часовникот,многу жени со задоволство би го поместиле календарот, за неколку години наназад.
-Во работата треба да се биде внимателен на почетокот,а во љубовта на крајот.
-Во желбата и обидот да ја збогатат својата банкарска сметка,некои градоначалници си ја осиромашија општината.

-Не обидувајтесе да ги влечете жените за јазикот,ќе го извлечете подебелиот крај.
-Многумина луѓе знаат многу повеќе што му недостига на својот автомобил,отколку што им недостига во бракот.
-Љубовта е единствената активност во која најголемите резултати се постигнуваат лежејќи.
КОКИ

