Кривична пријава за негувателката од велешката градинка којашто овозможила децата да користат електонска цигара
Објавено на 30 октомври, 2023 во 15:17
Отсекoт за економски криминал при СВР Велес поднесе кривична пријава против В.И.(38) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење“ казниво по член 353 од Кривичниот законик.
„Пријавената, вработена како негувателка во детска градинка во Велес, овозможила на деца од градинката да користат електронска цигара,“ пишува во соопштението на Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска