Корисни совети на Силвана Радевска за грижа и нега на болни и изнемоштени лица (АУДИО)
Велешанката Силвана Радевска е една од повеќето жени коишто сограѓани ја ангажираат за нега и грижа на болни или изнемоштени членови на семејствата. Таа во моментов ваква услуга дава во две семејства во Велес. Првото семејство ја ангажирало за нега на две болни момчиња додека второто семејство за потребата од нега и грижа на возрасно […]
Кардиолог д-р Ѓоргиевски: Како се добива срцева слабост?
Бројни фактори влијаат на создавањето на оваа состојба. Односно многу дијагнози водат до синдром на срцева слабост.
Како да ги препознаете симптомите на дијабетесот(АУДИО)
Прекумерна жед Зачестено мокрење(понекогаш и секој час) Слабеење Замор Мачнина можно е и повракање Кај жените честа инфекција на вагината , можеби и прекин на менструацијата Кај мажите импотенција Кај мажите и жените: габични инфекции Побарајте лекарска помош -Ако почувствувате мачнина , слабост и претерана жед, ако мокрите многу често, имате болки во стомакот,дишете длабоко […]
Со монистра до „Везилка“ – креативен израз на велешанката Софија Лепојевиќ (Фото и Аудио)
Креативно изразување и создавање на рачни изработки, кога инспирацијата доаѓа во време што поголем број на сограѓанки го користат за гледање на телевизија, е карактеристика на велешанката Софија Лепојевиќ. Оваа шеесет и едно годишна креативна жена од монистра создава обетки и белезици како и со нижење и со ткаење декоративни сувенири. И тие се навистина итересни рачни изработки, по многу нешта уникатни, создадени како дел од македонската традиција добро позната и надвор од државата. На овој начин оваа креативна жена создава наративна уметност притоа потсетувајќи на едно минато време во коешто и децата, исто како и жените, обожуваа да ги носат како накит.
Срмена приказна за велешанката Нада Сарагинова од маалото кај „Стари фурни“ над Долни Дуќани (ФОТО и АУДИО)
Мојата прва изработка беше црквата Свети Наум, ја видов сликата и добив желба да ја изработам. Делото го изработив на 52 години и се до тогаш го криев мојот талент. На платното прво ја нацртав, потоа на скицираното платно започнав да везам со срма и свилен конец. Потоа продолжив да изработувам икони но инспирација ми даваат и убави слики, природа, животни. Се случува да станам од спиење и веднаш да почнам да цртам бидејќи платното постојано ми е на масата, додаде Сарагинова.
Ве советуваме што треба да знаете за дијабетесот (ФОТО и Аудио)
Постојат два видови на дијабетес: ДИЈАБЕТЕС ТИП 1 тој се нарекува и инсулин зависен дијабетес или младешки дијабетес или шеќерна болест која се јавува на млада возраст и истиот е последица на недостаток на инсулин. ДИЈАБЕТЕС ТИП 2 познат како инсулин независен дијабетес. Истиот се јавува кај возрасни луѓе, или стабилна шекерна болест како последица […]
Д-р Ѓоргиевски: Совети за препознавање на срцева слабост, најчеста причина за смрт во светски размери
Срцева слабост во основа не е права вистинска дијагноза која вашиот лекар би Ви ја поставил. Имено срцевата слабост е состојба и е последица од други дијагнози или болести кои го оштетиле до тој степен вашето срце што тоа повеќе не ги задоволува секојдневните Ваши активности.
Како да го намалите стресот
ЛЕКУВАЊЕ ПСИХОСОМАТСКО ЛЕКУВАЊЕ Стресот можете да го намалите и со помош на биофидбек утврдуваќи го изворот на стресот и управуваќи со своите физички и психички реакции. Биофидбекот олабавува одредени мускули, ја менува електричната активноста на мозокот. ИСХРАНА Бидејќи кога сте под стрес исхраната често се занемарува вложете дополнителни напори за да имате урамнотежен исхрана- многу […]
Калинката поседува неверојатно количество на антиоксиданти
Калинката позитивно влијае на здравјето. Освен што е богата со витамини и минерали, таа поседува и неверојатно количество антиоксиданти. Истражувањата покажуваат дека сокот од калинка има два до три пати поголемо количество антиоксидантски потенцијал од истото количество зелен чај или црно вино. ЛЕКОВИТИ СВОЈСТВА Во 100 грама зрнца од калинка има 12% од препорачаната дневна […]
Трите нови производи на медопроизводителот Најдовски од Велес, уникатни пријатели на имунолошкиот систем
Тоа што е особено значајно за неговите три нови производи како путер од лешници со мед, од бадеми со мед и кикирики со мед е што тие не можат да се произведат во домашни услови. Според граѓаните што веќе ги пробале станува збор за исклучително квалитетни производи и засега уникатни на македонскиот пазар. Тоа што е нивна главна карактеристика е што се специјалитети кои се пријатели на имунолошкиот систем.
Д-р Ѓоргиевски: 29 Септември е Светски ден на срцето, како е поврзан стресот со срцевите заболувања
Неопходно и задолжително e на нас останатите да им сме потпора, да ги бодриме и советуваме да се обратат на лекар којшто би ја третирал или депресивната реакција или депресијата како болест.
Неопходно е самата околина постепено, не со инсистирање, да го охрабрува пациентот да излезе од домот да прави редовни прошетки и најважно што често ние како луѓе го забораваме да седнеме и да разговараме со нив .
Совети: Алтернативни лекувања на стресот, широко употребувани и од лекарите
ЛЕКУВАЊЕ КОНВЕНЦИОНАЛНА МЕДИЦИНА Ако симптомите се појавиле во врска со одреден настан, како што е смртен случај во семејството, лекарот може да ви препише лек против анксиозност како што е дијазапам. Овие лекови се многу ефикасни ако се примаат пократко време , но може да создадат и зависност, ако се примаат подолго време . Лекарот […]
Помош во домот за грижа и нега на возрасни граѓани
Вработени сте или иселени од градот. Во вашето семејство живеат и членови коишто се возрасни и имаат потреба од грижа и нега на трето лице. Контактирајте ги жените коишто можат професионално да ве заменат додека не сте дома. -Надежда Јорданова – 076/345-170 -Силвана Радевска – 077/624-050
Жени за одржување на хигиена на домот и деловен простор
Во недостаток на време за одржување на хигиената во домот или потребата за вашиот деловен простор, контактирајте ги жените што можат професионално да ја изведат оваа ваша потреба. Тие нудат квалитетно извршени обврски, проверете ја нивната работа и контактирајте ги. Драгица Неделкова – 076/241-081 Снежана Мицелинова – 071/213-948 Менче Кузманова – 075/274-850
Корисни совети за чиста кујна од Драгица Неделковска
Динамичниот и брз живот не им дозволува на вработените жени во Велес да имаат доволно време за оддржување на хигиената во домот. Затоа во градот постојат велешанки што професионално се бават со чистење на домови. Една од нив е Драгица Неделковска со којашто денеска разговараме како најлесно и најбрзо може да се одрува хигиената во […]
Препознајте симптоми на срцев удар
Долготрајна болка што предизвикува чувство на кинење, стегање или жештина во градите , болката може да се прошири на вратот, едната или двете раце и вилицата како и задишаност ,мачнина,втроглавица, треска, потење, ослабен пулс, несвестица се симтоми на срцев удар.
Дури и најмал стрес е ризик за вашето здравје, еве како можете да се справите со него
СИМПТОМИ -Физичките симптоми може да бидат главоболка, замор, несоница, проблеми со варењето, болки во грбот или вратот, губење на апетитот или прејадување. -Психолошки симпоми може да бидат напнатост или анксиозност, лутина , потреба за осамување, песимизам, нерасположеност, зголемена нервоза, цинизам и неспособност за концентрација или вршење на работите на вообичаено ниво. ОБРАТЕТЕ СЕ НА ЛЕКАР […]
Карфиол, здрав зеленчук – препорачан за болести на кардиоваскуларен систем, шеќер во крв и канцер
Кафиолот е полн со витамин Ц 100 грама готвен карфиол содржи 59% од препорачаната дневна доза. Поради тоа карфиолот е идеана храна за заштита на клетките од последиците на високиот шеќер во крвата. Освен тоа добивате и манган ,уште еден важен антиоксиданс, но и низа важни фитонутриенти, како и бета каротен, керцетин и кемпферол, кои го намалуваат оксидативниот стрес на клетките, кој што е еден од водечките фактори на ризик за развој на канцер. Испитувања покажале дека кај лицата кои јаделе големи количини на карфиол е утврден најмал ризик од развој на сите типови карцином, особено рак на белите дробови, желудник, дебело црево и ректум.
Лекување на срцеви аритмии – конвенционално и алтернативно
Алтернативното лекување може да го дополни но не и да го замени конвенционалниот начин на лекување на потешките срцеви заболувања .
Кои симптоми ги имате при срцеви аритмии и што треба да сторите?
Во секојдневниот живот може да зебележиме повремени и изолирани срцеви аритмии, по правило без опасна појава ,но може да доведат до трајни последици. Како да ги препознаеме?
Ѓумбирот препорачан за ублажување на кардиоваскуларни болести и за дијабетес
Ѓумбирот се продава како свеж корен, во вид на прав, конзервиран или кандиран и во сите облици има специфичен мирис. Најмногу се одгледува во Индија Кина, Непал, Индонезја и Нигерија. Миризливиот корен најчесто се користи како пробиотик бидејќи има антивоспалително дејствие. Истиот ги намалува отокот и болките кај луѓето болни од артритис, помага и за […]