Д-р  Ѓоргиевски: Дa го користиме нашето срце за нас и да го анулираме стресот

Објавено на 29 септември, 2022 во 16:02

Светската здравствена организација денешниот ден, 29 Септември,  го слави како ден  на Срцето.  Овој датум е посветен на сите пациенти со кардиоваскуларни заболувања  и  на ПРЕВЕНЦИЈАТА од кардиоваскуалрни заболувања.

Се почесто во нашите амбуланти имаме се помлади и помлади луѓе кои стардаат од кардиоваскуалрни заболувања.

Стресниот, совремниот брз начин на живот како и се помалку  време посветено на здрава физичка активност ги прави младите луѓе се поподложни на кардиоваскуалрни заболувања. Ако некогаш сметавме дека инфарктот е заболување на понапредна возраст сега веќе имаме примери и на млади луѓе кои поради стресниот начин на живот ги оштетуваат крвните садови и развиваат инфаркти.

Имено најмладиот пациент кој имаше инфаркт во минатата година беше девојка на свои 26 години.

ЗОШТО СЕ ПОВЕЌЕ МЛАДИ ?

Ова прашање се почесто  се наметнува и не поттикнва  сериозно да размислиме за состојбата на превенција  кај младите луѓе. Најголем проблем е  секако отсуството на редовна физичка активност односно здрав спорт. Младите често одат во теретани каде само го обликуваат своето тело, примаат препарати за тоа обликување за т.н бодибилдинг но немаат здрава аеробна физичка активност.

 Европското кардиолошко здружение советува да се вежба НАЈМАЛКУ 150 МИН НЕДЕЛНО но се препорачуваат и аеробни вежби, како пливање, трчање, џогинг или било кој спорт во кој се користи сопствената тежина.

Потоа се позначаен фактор кај младите е лошиот начин на живот , нередвниот сон. Имено често се посетуваат  дискотеки, кои функционираат до раните утрински часови, и вечерниот ЗДРАВ сон  е заменет со  дневно спиење кое не е и од прилика еднакво и доволно како ноќниот сон. Секако и лошата исхрана е доминантен фактор па младите луѓе  се хранат со брза храна, тостови , хамбургери и слично, коај е полна со маснотии  што води до покачен ризик од инфаркт. Кон се ова се надоврзува и пушењето цигари, кое иако имаме посовремно и подобро едуцирање, сепак сеуште  е изразито присутно на нашите простори. Познато  е дека колку е понепросветен народот толку има повеќе пушач ,и како најпушачки европски нации се Албанија, Косово , Бугарија, Македонија додека најмалку пушачи имаме во скандинавските земји.

Светската асоцијација за здраво срце советува денес СИТЕ да се посветиме на МУДРО користење на нашето срце.

ДА го користиме нашето срце за нас и да го анулираме стресот. 

Пишува: Д-р Атанас Ѓоргиевски

Специјалист кардиолог

Моб.тел.број 070 324 903

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.