Д-р Ѓоргиевски: Совети за препознавање на срцева слабост, најчеста причина за смрт во светски размери

Објавено на 10 октомври, 2021 во 17:00

Што е срцева слабост

Срцева слабост во основа не е права вистинска дијагноза која вашиот лекар би Ви ја поставил. Имено срцевата слабост е состојба и е последица од други дијагнози или болести кои го оштетиле до тој степен вашето срце што тоа повеќе не ги задоволува секојдневните Ваши активности.

Односно Срцева слабост е синдром кога пумпната снага на срцето  е намалена. За да се објасни попластично би го споредиле со автомобил.

Доколку имаме автомобил чиј мотор има зафатнина од  1500 цм2 тој одлично ќе се движи, односно ќе си ги исполнува зададените перформанси или работи но, доколку истиот мотор со истата зафатнина би го поставиле во камион тој нема да може воопшто да ги задоволува барањата на товарното возило.

Така и со нашето срцето. Синдромот на срцева слабост е кога пумпната снага на срцето ќе се намали под 54% за мажи односно 52 % за жени.

Штом ги препознаете следниве симтоми веднаш побарајте помош од лекар и задолжително закажете термин кај специјалист кардиолог!

Гушење – недостаток на воздух

Поради фактот дека срцето нема доволен капацитет да пумпа нема доволна моќ да ги одржува дури и напорот од нормалните витални активности кај човекот. Па поради тоа настанува застој на течности кои се задржуваат во белите дробови и кои праваат чувство на гушење. Пациентите често се жалат на немање на воздух гушење во градите.

Неможност за лежење на рамно подолг период

Токму поради предходно опишаниот механизам на задршка на  течност пациентот кога ќе легне да спие на рамна постела се буди по околу 45 минути поради немање на воздух и чувство на глад на воздух. Овие пациенти обично спијат на повеќе перници.

       Отоци

Во двете нозе, поради задршката на течност, обично отекуваат. Каркатеристика на срцевата слабост е кога истовремено отекуваат двете нозе а не само една. Притоа отокот е тестесен, изгледа ако тесто. Кога ќе ги притиснете со вашиот прст останува отисок, дупка со изглед на прстот,  којашто бавно се повлекува.

   Сува кашлица

   Гледачи на излози/Замор

Замор кој се појавува и при помал физички напор, имено при помало движење и граѓаните чувствуваат гушење во градите. Овие луѓе често ги нарекуваат ,,Гледачи на излози“ како резултат на фактот што многу малку можат да испешачат затоашто  се заморуваат и застануваат да се одморат. Ако тоа се случува при двжење низ град запираат до некоја продавница и гледаат во излогот на истата за да го искористат времето за одмор.

Психички потешкотии

Често поради неможноста на срцето да пумпа доволна количина на крв до мозокот кај пациентите се појавуваат и психички тегоби.Често поради недостатокот на крв а со тоа и кислород во мозокот настанува збунетост кај пациентите или пак  чудно однесување како правење на работи кои предходно никогаш не ги правеле.

Д-р Атанас Ѓоргиев, специјалист кардиолог

моб.тел.број 070 324 903

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.