Др Панова: „ Фрапантна е статистиката за болеста канцер на простата, од година во година бројката на заболени мажи се зголемува“ (видео)
Од година во година се шири болеста канцер на простата помеѓу мажите. Бројките на заболени мажи раснат како во Македонија така и во светот. Во државава сеуште не се готови статистичките податоци кои се однесуваат на ширењето на болеста за минатата година. Сепак лекарите сметаат дека се се должи на немањето навика кај населението да прави превентивни прегледи и скрининг.
Др Милка Панова од Итна медицинска помош на Здравствен дом Велес вели дека особено станува збор за машката популација на и над 45 годишна возраст. Фрапирачки се податоците бидејќи без симптоми на болеста ретко кој практикува да направи годишен преглед или да ја искористи можноста за скрининг што бесплатно го нуди македонското здравство. Докторката, констатира дека мажите одат на лекар специјалист откако ќе се појават првите симптоми кој потоа тешко можат да се ублажат. Затоа, од година во година, се зголемува процентот на заболени како кај рак на простата така и кај другите видови на оваа опака болест.
На прашањето колкав е процентот на излекувани пациенти кои навреме посетиле специјалист уролог, др Панова рече:
Најмалку еднаш во годината граѓаните од машка популација задолжително да посетат уролог и да извршат преглед со упат од матичен лекар е главната препорака на др Панова. „Тој преглед спасува човечки животи,“ додаде лекарката.
Др Милка Панова беше една од четворицата лекари кои говореа на трибината „Превенција и рано откривање на рак“, организирана од компанијата „Ронтис“, со цел за подигнување на јавната свест на населението за болеста.
Убавка Јаневска