Споделете со Дума.мк прекршени човекови права за кои не сте нашле решение
Објавено на 26 мај, 2022 во 17:54
Човековите права се основни фундаментални права на секој граѓанин во локалната заедница. Нив ги гаранира и Уставот на државата.
Во денешно време граѓаните секојдневно се соочуваат со прекршување на некое право како и со прекршителите на нивните права. Голем број од нив со години живеат со повредени човекови права по разни основи, здравствено, социјално, економско, право од областа на образованието, работничко право и друго.
Ако досега, на кој било начин ви било прекршено човеково право по разни основи, ве повикуваме да одговорите на анкетата на Дума.мк, а ние како новинарски тим ќе се обидеме да го направиме видливо и да најдеме соодветно решение за проблемот..