Ала Генадјевна Шешкен добитник на „Почесно Рациново признание 2021“
Организацискиот одбор во состав на Градоначалник на Општина Велес Аце Коцевски,како претседател и членовите проф. д-р Људмил Спасов, проф. д-р Кристина Николовска, проф. д-р Гоце Ристовски и Стефани Андреевска годинава одлучи „Почесно Рациново признание 2021“, да го добие Ала Генадјевна Шешкен, руски славист и македонист од Руската Федерација.
Добитничка на Почесното Рациново признание за 2021 година е руски славист и македонист од Руската Федерација. Престижната награда ја добива за нејзината промоција на македонскиот јазик, книжевност и литература, како редовен професор на Московскиот Државен Универзитет „Ломоносов“. Ала Шешкен е родена на 30 март 1952 година во денешна Република Белорусија, во учителско семејство, чиј татко повеќе од 50 години работел како учител. По завршувањето на Гимназијата во 1969 година се запишува на Филолошкиот факултет на Санкт Петербуршкиот државен универзитет на одделението по славистика, српски јазик и литаратура. Следната година се префрла на филолошкиот факултет во Белград, како стипендистка на руската влада. Дипломира во Белград во 1974 година со просек на дипломски испит 9,5.
Во 1975-1978 година станува постдипломец на Катедра за славистика на Филолошкиот факултет Универзитет Ломоносов. Се вработува на Филолошкиот факултет во 1979 година и започнува да предава македонска литература на Катедра за славистика. Потоа работи во научно-истражувачко тело на факултетот „Руска литература во сов ремениот свет. Од 2001 година е избрана за доцент а во 2012 година и за редовен професор на Катедрата за славистика. Докторира на тезата „Македонска литература во 20 –иот век и оваа тема е прв докторски труд од областа на македонската литература во Русија.
-Освен што предава на македонски јазик таа држи и курсеви по историјата на македонската литература, книжевна критика и култура на Катедрата за славистика на Филолошкиот факултет. Ана Шешкен е автор на повеќе од 200 научни трудови од областа на македонистиката и славистиката објавени во Русија и во други држави, меѓу кои и пет монографии за македонската литература, рече на соопштувањето на наградата, градоначалникот Аце Коцевски.
Ала Генадјевна Шешкен е редовен учесник на Меѓународниот Семинар за македонски jазик, литература и култура во Охрид и на Меѓународната научната конференциjа во рамките на Меѓународниот семинар. Потписник е и на сериjа статии посветени на поезиjата на Блаже Конески и Кочо Рацин обjавени во академските и високошколските списаниjа во Руcиjа и Македониjа. Надворешен член на МАНУ е од 2006 година. Македонската Академиjа на науките и уметностите и го додели Меѓународно признание „Блаже Конески“ за посебен придонес во проучувањето и афирмациjата на македонската литература и македонскиот jазик 2015 година.
Стефани Манева