Бисерите на велешката архитектура нацртани од таленирани ученици (фото)
Дваесеттина ученици од основните и средни училишта во Велес, денеска, твореа на тема „Бисери на велешката архитектура“ во просториите на куќата на Касапови. Со молив, водени и дрвени боици, седнати на различни локации во велешката куќа што лебди, учениците својата замисла ја пренесуваа на блок хартија. Тие цртаа за старите градби во Велес, тесните сокаци и калдрмите.
Целта на оваа работнилница е да се зајакне свеста кај младите граѓани за значењето на културното наследство и староградската велешка архитектура.
Три часовната работилница е дел од проектот „Знаење, заштита и вреднување на старите урбани јадра“ којшто Општина Велес го реализира во партнерство со Француската асоцијација на извонредни места и градови и ЗЕЛС.
Исто така, творбите на учениците ќе бидат дел од дигитална изложба што во рамките на проектот ќе биде објавена на веб страницата и фејсбук профил на Општина Велес и истата ќе се достави до француските партнери на проектот.
Општина Велес заедо со Народен музеј, во наредниот период, ќе организира изложба во Ликовен салон со цел да се презентираат цртежите на овие млади талентирани уметници.
Стефани Манева