Домот на култура во Кавадарци најави богата двонеделна програма

Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци ги најави настаните и активностите што ќе се организираат или одржуваат во оваа културна установа.
Во сабота, на 20 мај 2023 во 12 часот и на 25 мај 2023 со почеток во 19 часот ќе се проектира филмот за деца “Авантурите на Биби и Боби – пролетна магија“.
Во вторник, на 23 мај 2023, Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ ќе земе учество во официјалната конкуренција на ДАФ Кочани со претставата “Ноќ во музејот“ во режија на Микица Илова.

Во петок, на 26 мај 2023 со почеток во 13:30 часот во институцијата ќе се одржи промоција на романот “Автопатот за Делфи“ од Тодор Богев од Кавадарци додека со почеток во 19 часот, концерт на оркестарот при Средното музичко училиште “Илија Николовски Луј“ од Скопје.
Во вторник, на 30 мај 2023, во 19 часот ќе се одржи отворањето на изложбата на познатиот македонски ликовен уметник Ангел Димовски Чауш.
Во четврток, на 1 јуни 2023 година, во 19 часот, концерт ќе одржи најпознатиот македонски флејтист Страшо Темков.
Убавка Јаневска
