Голем број настани за време на манифестацијата „Кавадаречка културна есен 2022“
Кавадарчани од утре ќе имаат можност да уживаат во бројните културни настани организирани на манифестацијата „Кавадаречка културна есен 2022“. Концерти од повеќе музички жанрови, фото и ликовни изложби, проекции на филмови, меѓународен фолклорен фестивал, театарски претстави се дел од настаните. Манифестацијата ќе биде отворена со етно изложба на фотографии насловена како „Уметниците и Пресвета Богородица“, утре во 18:45 часотво Дом а култура „Иван Мазов – Климе“.
– За време на годинашното издание на “Кавадаречка културна есен“ кое ќе трае од 14 октомври до 1 декември 2022 ќе се оддржат театарски претстави, вклучувајќи ја и “Недела на театарот. Годинава манифестацијата “Кавадаречка културна есен“ ќе се одвива под мотото “Култура е… Дојдете во нашата “куќа на уметноста“ да го почуствувате и доживеете тоа што ќе го видите!“, соопштија од Дом на култура „Иван Мазов – Климе“.
Во рамки на фестивалот во галеријата при домот на култура ќе се одржи и работилница за ткаење на 15 октомври, сабота со почеток во 11:00 часот.
Исто така, како дел од оваа манифестација е и Меѓународниот фолклорен фестивал „Кавадаречки фолклорни средби“ којшто ќе се одржи на 14 и 15 октомври. Во пресрет на првата фестивалска вечер, во петок, 14 октомври, во 18:00 чаот ќе се одржи дефиле со сите учесници на фестивалот на потег од Кружниот тек во Новиот центар до Градскиот плоштад во Кавадарци.
На фолклорниот фестивал учествувао ќе земат ФА „Тиквеш“ од Кавадарци, ФА „Бучим“ од Радовиш, потоа гостите од КУД „Живинице“ – Живинице, Босна и Херцеговина како и КУД „Дуга“ од Беране, Подгорица, Црна Гора.
Фестивалот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Стефани Манева