Граѓански фото објектив – Снежен Велес

Објавено на 9 јануари, 2024 во 09:45

Инспириран од првиот снег којшто завеа вчеравечер, велешанецот Атанас Крлевски, денеска, до Дума.мк испрати нова фотографија за категоријата „граѓански фото објектив“ насловена како „Снежен Велес“. Крлевски за фотографијата вели:

-Вчеравечер и денеска падна снег во нашиот Велес, но за жал многу, многу малку. Но, фотографите секогаш имаат резервни од минатите снежни години. Оваа фотографија е една од нив, направена од Железен мост, додаде Крлевски.

Дума.мк ги поканува граѓаните од Велес, Свети Николе, Чашка, Градско, Росоман, Кавадарци, Неготино и Демир Капија да станат  граѓански соработници на порталот со цел да ги овековечиме убавините на вашите градови и на Македонија.

Вашите фотографии испратете ни ги на нашата е-мајл адреса desk.duma@gmail.com.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.