Граѓански фото објектив – Снежен Велес
Објавено: 9 јануари, 2024, во 09:45 часот
Инспириран од првиот снег којшто завеа вчеравечер, велешанецот Атанас Крлевски, денеска, до Дума.мк испрати нова фотографија за категоријата „граѓански фото објектив“ насловена како „Снежен Велес“. Крлевски за фотографијата вели:
-Вчеравечер и денеска падна снег во нашиот Велес, но за жал многу, многу малку. Но, фотографите секогаш имаат резервни од минатите снежни години. Оваа фотографија е една од нив, направена од Железен мост, додаде Крлевски.
Дума.мк ги поканува граѓаните од Велес, Свети Николе, Чашка, Градско, Росоман, Кавадарци, Неготино и Демир Капија да станат граѓански соработници на порталот со цел да ги овековечиме убавините на вашите градови и на Македонија.
Вашите фотографии испратете ни ги на нашата е-мајл адреса [email protected].

Дума.мк



