Издумани Крлевизми: „Кога се решив за женидба, жените бираа!“
Објавено на 3 јануари, 2025 во 11:26
Празнично, со честитки за здрава, успешна и берикетна Нова 2025 година, афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски на читателите на Дума.мк им ги дава на читање следните афоризми:
„Денес за книгите важи: две купени- една прочитана!“
„Кога се решив за женидба, жените бираа.“
„Каде е со врски, сѐ е без врска.“
„.Желбите на народот? Ехо во пустина.“
„Никој не може да го стигне. Бега од одговорност.“
„Со платата излегувам накрај, ама со месецот – тешко!“
„Не работи на себе.Сѐ работи за себе.“
„Кога на жена ми ѝ пука филмот, јас пукам од смеа.“
„Кај него има само една вистина – лагите!“
„На работа е редовен. Редовно отсутен.“
Ваш, Атанас Крлевски