Издумани Крлевизми: „Мислеше дека е заштитена мечка. Заврши во кафез.“

Објавено: 5 јуни, 2026, во 09:28 часот

Јасна порака испраќа афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски до луѓето кои себе си се сметаат за „недопирливи“, во момент или моменти од животот „кои ги носат на врвот“ токму преку насловниот афоризам „Мислеше дека е заштитена мечка. Заврши во кафез.“, избран од најновите 10 кои се наменети за читателската заедница на Дума.мк.

Ова се неговите преостанати девет афоризми:  

„Пробајте да не бидете во право! За проба не се плаќа. “

„Добриот глас на далеку се слуша, ама кратко трае.“

„И кога молчи е карикатура од човек. Карикатура, без зборови.“

„Каков парадокс! Освојувач, со награда за мир!?“

„Победата ја обезбедивме уште пред натправарот, ама се разболе судијата.“

„Се чувствуваше фантастично. Стигна до психијатар.“

„Белката и жолчката остануваат заедно и во кајганата.“

„Плукањето е забрането со закон. Затоа уредникот плука преку новинарите.“

„Екологисти, светов ни е на кислородна поддршка!„

Вашиот,

Атанас Крлевски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.