Издумани Крлевизми: „Настрада од фотелјата. Го фатија на спиење“

Објавено на 30 мај, 2025 во 10:23

Ви ги пренесуваме петочните афоризми на велешкиот и македонски афористичар како и сатиричар Атанас Крлевски кои овојпат гласат:

„Малку вреди, а многу нѐ чини!“

„Владеев со себе… додека власта не ми удри во главата.“

„Љубовта со Мира? Немирно море!“

„Магарето и со златен самар пак го товараат.“

„Внимавајте на тие кои во сѐ бараат заднина! Можеби го бараат вашиот грб?“

„Малолетноста кај едни е од годините, а кај други од умот.“

„Вистината, освен после виното е и по детекторот на лаги.“

„Нашата љубов како видео ролна. Уште не започната – заврши!“

„Малкумина не ја оправдале мојата недоверба.“

„Настрада од фотелјата. Го фатија на спиење.“

Вашиот,

Атанас Крлевски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.