Издумани Крлевизми: „Стандардот ми е животна тема. Промашена!“
Објавено на 17 јануари, 2025 во 10:56
Во пресрет на еден од големите верски празници „Богојавление Водици“, афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски на заедницата на читатели на Дума.мк и испраќа 10 афоризми со кои ви го честита претстојниот празник преку перцепција на „окото на творецот“.
„Од воздух не се живее, па и да е чист.“
„Бракот ми е полн со чинови на добра волја. Жена ми е глумица.“
„Лојот е здрава животна средина за многу бубрези.“
„Комшивката се фали: „На коњ сум!“
„За екологистите нема зима. Заврна снег.“
„Фати швалерка. Сега не може да ја (от)пушти.“
„Нека победи најдобриот ако не победам јас.“
„Не работи ништо… на неодредено време.“
„Стандардот ми е животна тема. Промашена!“
„Не ја препознав. Ја симнала маската.“
Вашиот, Атанас Крлевски