Од денеска цените на прехрамбените производи „по старо“, министерството за економија смета дека мерката „Новогодишна кошничка“ била успешна

Објавено на 16 јануари, 2025 во 12:15
Фото: Архива на Дума.мк

Министерството за економија и труд по завршување на акцијата за успешна ја прогласи  мерката „Новогодишна кошничка“ затоа што придонела за намалување на инфлацијата за 0,3 проценти во декември.

Од денеска цените се враќаат на старо. Во кошничката беа вклучени 1.178 производи, од 96 производители и дистрибутери, а со неа беа опфатени 762 продажни места на 51 маркети.

„Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат во декември, во однос на ноември 2024 година намалувањето на трошоците за живот кај храната и безалкохолните пијалоци изнесува 0,3 посто. Ова покажува дека новогофишната кошничка, каде што беа вклучени во најголем дел прехрамбени и безалкохолни пијалоци го дала својот ефект и цените на храната и пијалоците бележат намалување во декември, во однос на претходниот месец“, пишува во соопштението на министерството.

Новогодишната кошничка беше креирана од производителите, дистрибутерите и трговците со главна цел да се креира поширока листа на одделни прехрамбени производи кои беа како понуда за потрошувачите. Министерството за економија и труд тврдат дека се спречило поголемо зголемување на цените пред новогодишните и божиќните празници и се одржало стабилно ниво на инфлацијата.

Со намалување на цените беа опфатени основните прехранбени производи од различни групи на производи (леб и житарици, пекарски производи), месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци, алкохолни пијалаци (вино и пиво) и други.

Откако беше воведена новогодишната кошница инспекторите на Државниот пазарен инспекторат беа на терен и проверуваа дали трговците пред да ги намалат производите за 10 отсто, веќе ги зголемиле цените на некои од нив.

Надлежните ветуваат дека и во иднина ќе продолжат со креирање на мерки и политики кои имаат за цел заштита на стандардот на граѓаните.

Новогодишната кошничка важеше од 15 декември до 15 јануари.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.