Издумани Крлевизми:„Каде нема сатира, има нешто труло во државата Данска“

Објавено на 7 февруари, 2025 во 09:53

Денешните афоризми за заедницата на читатели на Дума.мк на афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски гласат”:

„Ама каков политичар!? Тој е само козметичар на стварноста.“

„Полтрон? Како тоа гордо ползи.“

„Каде нема сатира, има нешто труло во државата Данска.“

„Кога зад магарето се крева прашина, мисли дека е добар коњ.“

„Постојано да се напаѓа е погрешна тактика. Некои играат зад грб.“

„Каде е ѓаволот? Во луѓeто!“

„Писмен е овој народ. Не треба да чита!“

„Комшивката ме покани на слатко. Кафето било горчливо.“

„Секаде служам за пример. Негативен!“

„Започна како препорачан. Заврши како испорачан.“

Вашиот, Атанас Крлевски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.