Коки: „Алко тестот честопати покажува дека во алкохолот на некои несовесни возачи, не постои ниту капка крв!“

Објавено на 28 април, 2025 во 09:05

Понеделничниот афористички поздрав од Никола Бошков Коки и денска го сочинуваат седум афоризми инспирирани делумно од актуелни случувања во државата како и од секојдневниот живот на граѓаните. Афоризмите напишани за заедницата на читатели на Дума.мк гласат:

„Најтешкиот чекор во животот на секоја девојка несомнено е оној, кога треба да го направи првиот – расчекор.“

„Мошне стресно и ризично по вашето здравје е ако без уреден кардиограм се обидувате на ТВ, во живо, да следите некоја возбудлива-инфаркт собраниска седница – со пратенички прашања.“

„Освен мечките, дали и дамите со крзно се заштитени со закон?“

„Еден шпицен политичар катадневно, мошне грлато се огласува на многуте ТВ медиуми и портали, и со нему својствената надменост, арогантност и примитивен вокабулар, бесрамно го „презентира” својот дискутабилен интелект и самобендисаност.“

„ГРЕШКИТЕ на пешаците не треба да се БРИШАТ со автомобилски ГУМИ.“

„Нашиот кошаркар стапи в брак од материјални причини, но се покажа дека неговата избраничка единствено имаше „БОГАТО МИНАТО.“

„Алко тестот честопати покажува дека во алкохолот на некои несовесни возачи, не постои ниту капка КРВ.“

Вашиот, Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.