Коки: „Кога еленот ќе добие рогови и достигне зрелост, тој е подготвен да се бори за жена, кога човекот ќе добие рогови…тој веќе ја изгубил жената“

Објавено на 3 април, 2023 во 11:26

Првиот ден од месец април започнува со шега, затоа и првиот понеделник продолжете го со насмевка. За тоа ќе се погрижи афористичарот Коки кој за читателите на Дума.мк одвои нови шест афоризми, поголемиот дел посветени на политичарите но и жените.

-Први април е ден на шегата, но посакувам да поверувам дека енормното зголемување на платите на функционерите од 78% е само една блуткава, невкусна прво априлска шега.

-Најлош трик на маѓионичарот е кога од неуки, проблематични и интелектуално ограничени луѓе ќе направи политичари.

-Му завидувам на вирусот – грип, тој може да направи избор која жена ќе ја легне в кревет.

-Кога еленот ќе добие рогови и достигне зрелост, тој е подготвен да се бори за жена, кога човекот ќе добие рогови…тој веќе ја изгубил жената.

-И денес, на денот на шегата, мојата соседка не покажа чуство за шега и понатаму продолжува секој маж да го сфаќа сериозно.

-Навистина љубовта е убава работа, но се додека за неа не разбере сопругата.

П.С. Некогаш своите празнини можевме да ги потполниме со храна.

Афористичар

Никола Бошков – Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.