Коки: „Одненадеш се појави еден добро „поткован“ иии… таа ги дигна нозете“
Со честитки за честит Божиќ, за католичките верници и за среќни новогодишни празници за сите читателите на Дума.мк, афористичарот Никола Бошковски Коки, ги напиша шестте најнови афоризми за последната седмица на оваа 2023 година. Прочитајте ги и препорачајте ги на вашите колеги или членови на семејството, со задолжителни насмевки.
„-Земјата во која сите се прават луди,наликува на еден голем санаториум.
-Власта секогаш си ги решава проблемите: ги вработува определените на неопределено време.
– Одненадеш се појави еден добро”поткован”.иии… таа ги дигна нозете.
-И јас се залагам за воспоставување мир во светот, но понекогаш треба да се „испука” по некој куршум.
-Автомобилот и жената ,можат секогаш непријатно да ве изненадат.
-Со некои протагонистки на боречките вештини,тешко се илегува на крај. Секое излегување скапо чини.“
Срдечни поздрави од
КОКИ