Коки: „Поради една кожена чанта, некои жени се во состојба на своите мажи да им ја одерат кожата“

Објавено на 4 ноември, 2024 во 11:30

Афористичкиот поздрав на Никола Бошковски Коки за читателите на Дума.мк, за оваа седмица, ги содржи следниве афоризми:

„Недостигот на бесплатни вакцини против појавата на сезонскиот грип, ги присили луѓето да прибегнуваат кон алтернативни средства: многумина започнаа  да се „имунизираат”со варено вино и ракија.“

„Беше тоа љубов на прв поглед, кога се венчаа веќе беше доцна подобро да се загледаат.“

„Политичките води мируваат се дотогаш, додека некој недоветен политичар со својата неукост и ароганција не започне да ги бранува.“

„Поради една кожена чанта, некои жени се во состојба на своите мажи да им ја одерат кожата.“

„Некои нутриционисти вложуваат голем труд и драгоцено време, кога се обидуваат да ги мотивираат луѓето, да започнат да консумираат…добиточна исхрана.“

„Импотентните луѓе се во поголема предност од ќелавите: помалку се забележуваат.“

„Покрај некои одбрамбени фудбалери, противничките навални играчи можат единствено да поминат…на носилка.“

Вашиот КОКИ

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.