Коки: „Постојат возачи, за жал, кои повеќе ги ценат пешаците на шаховската табла, отколку пешаците на пешачките премини“

Објавено на 17 февруари, 2025 во 10:59

Седумте афоризми кои што за читателите на Дума.мк ги напиша афористичарот Никола Бошков Коки гласат:

„Бракот е како виното, на почетокот сте пијани, а потем доаѓа главоболката.“

„На некои собраниски седници, пратениците се толку многу  психолошки оптоварени, што не се во состојба да си ги пресметаат патно- дневните трошоци.“

„И виното се поистовети со политичарите, и во него се помалку има вистина.“

„Постојано сум исправен пред дилемата дали и ние сме деца на револуцијата, или…и нас не донел штркот.“

„Ниту боемите не се веќе она што некогаш беа. Многумина се откажаа од убавите девојки и ексклузивните пијалоци…премногу се скапи.“

„Не ви вреди многу сознанието дека сопругата ви е на свое место, ако денес, на денот на љубовта, некој друг е на вашето.“

„Постојат возачи, за жал, кои повеќе ги ценат пешаците на шаховската табла, отколку пешаците на пешачките премини.“

Вашиот,КОКИ

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.