Коки: „Во минатото дедовците ни дигаа востанија, татковците-стандард, а ние денес дигаме само кредити и штрајкови“
Добар ден имајте убава работна недела со следниве седум афоризми, напишани за Вас, читателите на Дума.мк.
„За да не им биде тешко во бракот, некои луѓе се определуваат за „ЛЕСНИ“ жени.
„Во минатото дедовците ни дигаа востанија, татковците-стандард, а ние…денес дигаме само кредити и штрајкови.“
„На шинтерите на некои национални ТВ медиуми, им се позлатија рацете: Конечно им успеа да ги заловат неколкуте забегани кучиња-лајачи, и да ги приберат во својата кафилерија.“
„Ако цениме според вложениот труд, тогаш за поповите и гробарите дојдоа убави времиња.“
„Постојат народни избраници, за жал, кои катадневно работат против безбедноста на државата, ама…живеат удобно и безбедно, со безбедносен сертификат.“
„Во љубовните игри честопати се прават разно-разни детинарии, ама…и деца.“
„Понекогаш во креветот е како и на спортската прогноза: Никогаш со сигурност не можете да очекувате колку погодоци ќе остварите.“
Вашиот, КОКИ